СТАНДАРД life
Храна

Домашен пудинг од мандарина! Кремасто задоволство во секој залак

Овој домашен пудинг ви ја носи совршената комбинација на овошје и крем, а за подготовка не ви требаат повеќе од неколку состојки:

килограм мандарини

чаша шеќер

две лажици пченкарен скроб

две лажици вода

половина шолја кокосово млеко

Подготовка:

Во тенџере истурете го свежо исцедениот сок од мандарина, а потоа додадете шеќер и кокосово млеко. Гответе на умерен оган додека не се растопи шеќерот и смесата не почне да врие. Скробот и водата се мешаат, се додаваат во пудингот, па се меша додека не почне да се згуснува. Префрлете го во намрсен калап за пудинг, па ставете го во фрижидер да се излади и стегне.

Уживајте!

Поврзани вести

Пудинг од морков: Деликатес од Јужна Азија со вкус на алва

Urednik

Направете совршени макарони и сирење и уживајте во денот

Urednik

„Сос од милион долари“ – раскошно мезе кое ќе ги воодушеви сите

Urednik