Ако сакате да пробате јадење од тесто кое личи на палачинки, но е направено на малку поинаков начин, рецептот за хачапури е совршен за вас.
Ова сочно јадење се прави со малку состојки и се подготвува релативно брзо, а во него можете да уживате во секое време од денот.
Состојки:
* 300 мл кефир
* 450 мл брашно
* 1 јајце
* 1 прашок за пециво
* малку сол
* малку шеќер
За полнење:
* 300-350 гр сирење
Подготовка:
Замесете тесто и оставете го на страна додека го рендате сирењето.
Формирајте го сирењето во топчиња. Потоа тестото поделете го на четири дела. Секој дел формирајте топче, истенчете го и наполнете со сирење.
Покријте го сирењето со тесто, расукајте го во соединета маса, па повторно истенчете го како палачинка и печете го на врело тавче 3-4 минути од двете страни.
Премачкајте со путер и послужете.
На здравје!