СТАНДАРД life
Храна

Хумус со печени пиперки: Идеја за нешто посно и вкусно

Ако сакате нешто дома што можете да го „кснете“ помеѓу оброците или едноставно сакате хумус за појадок, вечера или како прилог, имаме одличен рецепт за вас.

Традиционалниот хумус се состои од наут, лук, сок од лимон, маслиново масло и тахин, но секогаш можете да го „збогатите“ со други вкусови, како на пример, печени пиперки.

Ве очекува вкусен, малку чаден, солен кремаст намаз. Овој рецепт е идеален за послужување со салата од свеж домат.

Состојки:

* 450 гр исцеден хумус и малку резервна течност
* 2 лажици тахин
* 2 супени лажици маслиново масло
* ½ сок од лимон
* 2 чешниња лук, мелени
* ½ лажичка сол
* ½ лажичка ким
* ½ лажичка мелен коријандер
* 300 гр печена црвена пиперка, добро исцедена

Подготовка:

За хумус, потребен ви е целосно сварен наут. Можете да ги користите оние кои се веќе варени и конзервирани или можете сами да ги подготвите. Доколку сакате намазот да биде покремаст, задолжително преварете ги, а секое зрно можете и да го излупите, ако не брзате.

Задолжително оставете малку вода од конзерва или водата во која се варел наутот.

Тахинот е паста од сусам што можете да ја купите готова или можете и сами да ја направите така што многу кратко ќе го потпечете сусамот и убаво ќе го изблендирате додека не добиете кремаста маса.

Правењето оригинален хумус е многу едноставно. Наутот исцедете го на цедалка, оставете малку од течноста настрана и измешајте ги сите состојки во процесор за храна. Измешајте сè околу една минута додека намазот не стане доволно мазен, по ваш вкус. Кремаст се постигнува со повремено додавање на течност од наут.

Потоа во машина додадете ја исчистената печена пиперка и сè измешајте додека не добиете компактна маса. Во хумусот секогаш можете да додадете сол и маслиново масло, нема да го расипете.

Вашиот намаз е подготвен. Послужете го со тост леб и салата од домати и зеленило, фрлете прстофат сладок сув мелен пипер како декорација и нема да погрешите.

На здравје!

Поврзани вести

Здрава и вкусна салата идеална за летните денови

Urednik

🎥Бибимбап – најбараниот рецепт во светот во 2023 година

Urednik

Посни тестенини со песто сос од домати: Брза подготовка за најдобар вкус

Urednik