СТАНДАРД life
Храна

ЛЕБ ПО РЕЦЕПТ НА СТАР ПЕКАР: Полнет со лук, блитва, моцарела и зачини

Ароматичен леб полн со лук, сирење и блитва по рецепт на стар пекар е повкусен и подобар од која било пита.

Состојки за тестото:

* 650-700 гр. мазно брашно
* 1 лажичка шеќер
* 2 лажички сол
* 30 гр. квасец
* 1 јајце
* 300 мл. млеко
* 50 мл. масло

Фил:

* 250 грама моцарела
* 250-300 гр. обарена блитва
* 2 главици лук
* Сол, бибер, магдонос, оригано, лута пиперка
* 200 грама путер или маргарин
* 50 мл. маслиново масло

Подготовка:

Активирајте го квасецот во топло млеко со малку шеќер. А потоа додадете јајце, масло, сол и брашно. Кога ќе го замесите тестото, оставете го да стаса околу половина час.

Подгответе го филот со бланширање (варење) на блитвата, додавајќи 2 главици лук, зачини (сол, бибер, магдонос, оригано, пиперка), потоа моцарелата, мешајќи и додавајќи путер или маргарин.

Расукајте го тестото што пошироко, па покријте го со овој фил. Се покрива со уште еден слој тесто, па се сече на коцки и се става во тавче за леб да се добијат два леба.

Намачкајте со изматена жолчка и посипете со сусам.

Се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути, а потоа на 180 Целзиусови степени околу 30 до 35 минути.

На здравје!

Рецепт за леб кој не се меси

Поврзани вести

Готвачка откри јадења кои никогаш не би ги нарачала за појадок

Radmila Tasevska

Мек и неодолив колач со лимон

Radmila Tasevska

Традиционален рецепт за мексиканско бурито

Urednik