СТАНДАРД life
Храна

Лесни салати совршени за вечера

Правилото да се вечера до шест часот одамна е застарено. Тоа повеќе не му одговара на модерниот и брз начин на живот.

Него можете да го замените со неколку едноставни правила: вечерајте три часа пред спиење, исфрлете ги јаглехидратите, немојте да јадете пред телевизор, внимавајте на големината на порцијата и бирајте лесни салати.

Ви нудиме избор од неколку лесни салати. Зачинете ги со масло, сок од лимон, сенф… а она што е најважно е дека нема да чувствувате тежина во стомакот.

Салата со сенф

Состојки:

* 260 гр. зелена салата
* 3 домати
* 2 краставици
* 1 кромид
* коријандер
* магдонос
* 2 чешниња лук
* 1 лажица сенф
* 80 гр. тврдо сирење
* сол и бибер по вкус

Подготовка:

Зеленчукот убаво измијте го. Салатата искинете ја со раце. Исечете ги краставиците, доматот и кромидот. Нарендајте сирење. Измешајте го сирењето со сенфот и испасираниот лук.

Измешајте ги сите состојки во длабок сад за салата. На крајот зачинете по вкус.

Салата со пилешко и соја сос

Состојки:

* 1 домат
* 1 краставица
* 200 гр. пилешко бело месо
* 1 супена лажица соја сос
* 100 гр. зелена салата
* 1 чешне лук
* маслиново масло по желба
* сол и бибер

Подготовка:

Белото месо исечете го на парчиња. Маринирајте го во соја сос и лук 20 минути. Потоа испржете го додека не стане златно кафено.

Измијте ја салатата, искинете ја со раце и ставете ја во длабока чинија. Исечете ги краставицата и доматот, и ставете ги во чинијата.

Зачинете по желба.

Салата со туна од конзерва

Состојки:

* 2 краставици
* 4 домати
* 250 гр. грашок од конзерва
* 200 гр. туна од конзерва
* 1 кромид
* 2 супени лажици лимонов сок
* 1 супена лажица маслиново масно
* сол, бибер и италијански зачини по вкус

Подготовка:

Измијте го зеленчукот. Краставицата и доматот исечкајте ги на мали парчиња.

Исцедете ја течноста од грашокот и ставете го во длабок сад за салата заедно со краставицата и доматот. Туната издробете ја со виљушка и додадете ја.

Украсете со кругови кромид. Зачинете со масло, лимонов сок, соја и зачини.

Салата од пилешко и маслинки

Состојки:

* 2 јаболки
* 3-4 краставици
* пилешки гради
* 5-6 маслинки
* 3 супени лажици немасен јогурт
* сол и бибер по вкус

Подготовка:

Изрендајте го јаболките или ситно исечкајте ги. Исечкајте ги краставиците. Пилешкото обарете го и произволно исечете го. Маслинките исечете ги на половина.

Измешајте ги сите намирници. Зачинете со јогурт, соја и мелен бибер.

Фитнес салата од пилешко филе

Состојки:

* 300 гр. пилешко филе
* 1 краставица
* 1 домат
* 1 бабура
* 2-3 супени лажици пченка од конзерва
* 1 супена лажица јогурт
* копар, сол и бибер

Подготовка:

Исечкајте ја краставицата на ленти, а доматот и бабурите на ситни коцки. Филето обарете го, а потоа исечкајте коцки или по должина.

Измешајте ги сите состојки. Зачинете по желба.

Салата од лосос

Состојки:

* 150 гр. зелена салата
* 1 домат
* 1 краставица
* 250 гр. филе од лосос
* 20 гр. сенф
* 20 гр. мед
* 20 гр. соја сос

Подготовка:

Искинете ги листовите салата, исечете ги краставицата и доматот.

Измешајте соја сос, сенф и мед, посолете доколку е потребно.

Филето исечете го на парчиња. Испржете ги малку на маслиново масло. Сите намирници измешајте ги и зачинете со сосот од мед и сенф. Додајте бибер по вкус.

На здравје!

Поврзани вести

Вегански мафини

Radmila Tasevska

Посна фритата: Лесен оброк полн со витамини

Urednik

Најдобар рецепт за тесто за пица!

Urednik