СТАНДАРД life
Храна

Најевтиниот колач достоен и за најсвечените трпези

Доколку не сакате да потрошите многу пари за десерт, но сакате да изгледа достоен и за најсвечените трпези, ви го препорачуваме следниов рецепт:

Состојки:

* 250 гр. мелени бисквити
* 175 гр. шеќер во прав
* 1 изрендано црно чоколадо (200 гр.)
* сварено црно кафе

За фил:

* 60 гр. маргарин
* 75 гр. шеќер во прав
* кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Во мелениот кекс и шеќер во прав додадете го изренданото чоколадо. Замесете, додавајќи го кафето по потреба.

Поделете ја смесата на три дела и од секој развлечете тесто со дебелина 4-5 мм. Смесата би требало да ја развлекувате на алумиумската фолија.

Секој од трите дела премачкајте го со многу тенок слој од филот, ставете ги деловите еден врз друг и свиткајте ги како ролат.

Оставете го да се стегне 1 час.

На здравје!

Поврзани вести

ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА: Совршени тестенини со тиквички за топлите летни денови

Urednik

🎥Кошници од бисквити полнети со фил од ванила и сезонско овошје

Urednik

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik