СТАНДАРД life
Храна

Пилешки гради со песто, домати и фино свежо сирење

Ако ви здодеа да јадете пилешко на класичен начин или полнети со вообичаените салама и кашкавал, пробајте го овој рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви со својот вкус.

Број на лица: 4; подготовка: 45 минути

Состојки:

* 4 пилешки филети (бело месо без коски)
* 3 лажици песто џеновезе
* 1 домат
* трошки од леб
* јајце
* пченично брашно
* сол
* свежо мелен бибер
* сончогледово масло
* 250 гр свежо кравјо сирење

Подготовка:

Исечете ги пилешките гради за да добиете што е можно потенки и поголеми парчиња. Истолчете ги и зачинете со сол и бибер.

Измешајте урда со песто, посолете малку и сè убаво измешајте. Со смесата премачкајте ги пилешките шницли и на средина ставете коцки домати.

Свиткајте ги шницлите и прицврстете ги со чепкалки за заби.

Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Ролатите се валкаат во брашно, јајца и презла и се пржи во тава.

Штом ќе добијат боја, извадете ги и ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете 20 минути на 180°C.

На здравје!

Направете сами сос од песто: Полесно е отколку што мислите

Поврзани вести

Посна паштета од ослич и сардина

Urednik

Посни топчиња

Urednik

Најевтиниот колач достоен и за најсвечените трпези

Radmila Tasevska