СТАНДАРД life
Храна

Повкусно од похован кашкавал и зденки: Похована фета со мед и сусам

Направете нешто што е рај за сите сетила, похована фета со мед и сусам.

СОСТОЈКИ:

250 гр. фета

2 јајца

1 лажиче црвен пипер

1 лажиче бибер

100 гр. брашно

100 гр. сусам

4 лажици мед

ПОДГОТОВКА:

Се цеди фетата и се брише, па се сечат парчиња најуредно што можете.

Се матат јајцата и се става во друг сад брашното со црвен пипер и бибер, па во трет сад сусам.

Се валка фетата во јајце, брашно па сусам и се прави така со сите парчиња.

Се пржи на масло од двете страни, па се цедат парчињата на салфета.

Додека се топли прелијте ги со мед.

Поврзани вести

Вегански рецепт: Tорта со малини и лимета

Urednik

Готвиме со Емилија: Рецепт за познатата турска пица – Лахмаџун

Radmila Tasevska

Орео чизкејк

Radmila Tasevska