СТАНДАРД life
МК Сцена

Антониа Гиговска со објава која ја шокираше јавноста: Дали овие зборови му ги упати на саканиот?

Македонската пејачка Антониа Гиговска во месец јули годинава за прв пат се оствари во улогата на мајка и роди син на кој му го даде необичното име Киан. Таа и нејзиниот партнер музичарот Роберт Спасенцовски за прв пат се остварија во улогата на родители, но освен што пејачката веднаш го сподели новороденчето со јавноста, за нивната брачна хармонија многу ниту самата зборува, ниту пак во јавноста се слуша.

Таа ја шокираше јавноста со последната објава на нејзините Инстаграм приказни. Сподели цитат кој вели: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!

Оваа мисла на Инстаграм ја сподели младата пејачка со која најмногу ги вознемири обожавателите, зашто семејството и најблиските доколку нешто имаше, сигурно веќе би биле запознаени. Оттука веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите и нагаѓањата од типот: „Дали крајот вака мириса? Дали брачната приказна уште непочната отиде во бестрага?

Многумина се запрашаа што сакаше да порача Антониа со цитатот што го споделила и кому му го наменила? Дали можеби на сопругот или само општо онака, како секоја жена што би сакала да изгледа во очите на својот човек со кого го дели креветот – како најдобра на светот?

Или можеби таа само од чиста мира, заради забава, непромислено направила „несолена“ шега со која ја распамети јавноста?

Поврзани вести

Каролина Гочева сподели слики од море и романтичните моменти со сопругот Михаил Корубин

Radmila Tasevska

Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција

Urednik

📽„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски

Radmila Tasevska