Пилешкото „Алфредо“ е совршен рецепт за сите оние кои не сакаат да поминуваат многу време во кујната – или едноставно немаат доволно…
Процесот на подготовка на пилешкото Алфредо е многу едноставен и брз.
Во тавче пропржете го пилешкото, потоа растопете го путерот во тавата, додадете го кремот за готвење, оставете го да зоврие, потоа додадете го пармезанот и мешајте додека не се растопи, па соединете го сосот со сварените тестенини и наредете го исечканото пилешко на врвот.
Секогаш оставајте малку вода од варењето на тестенините, па доколку е потребно додадете во сосот за да стане кремаст и со соодветна дебелина.
Состојки:
* 2 лажици маслиново масло
* 2 парчиња пилешки гради (без коски)
* сол
* свежо мелен пипер
* 1/2 чаша млеко (1 чаша = 250 ml)
* 1 и 1/2 чаши пилешки супа
* 2 чешниња лук
* 250 гр фетучини
* 1/2 чаша крем
* 1 чаша свежо рендан пармезан
* свеж магдонос
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава. Додадете го пилешкото и зачинете со сол и бибер. Пржете го додека не се подготви (околу 10 минути).
Тргнете го на страна и кога ќе се излади исечете го на ленти.
Во тавата каде што се пржи пилешкото додадете млеко, супа и лук. Додадете сол и бибер и оставете да се свари.
Додадете го фетучинито и варете три минути со постојано мешање.
Потоа продолжете со готвење додека тестенините не станат „ал денте“. Измешајте го кремот и пармезанот и потоа додадете го во сосот и варете додека не се згусне.
Веднаш, додека е уште топло, на чинија се става подлога од тестенини со сос и се става на неа исечканото пилешко филе. Украсете со магдонос.
На здравје!