СТАНДАРД life
Храна

АЈВАР ОД СЕЧЕНИ ПИПЕРКИ: Полесно се прави, а вкусот е побогат и пополн

Секој ајвар е добар, а овој феноменален. Парчињата пиперка што ќе ги почувствувате во уста ќе ве натераат да јадете се повеќе… Ајварот од сечкани пиперки се подготвува двојно побрзо и едноставно:

Состојки:

* 15 кг домашна месна пиперка
* 2 кг домати
* 1,5 dl масло
* 1 дл оцет
* 2 главици лук
* 2-3 китки магдонос
* Сол
* малку шеќер

Подготовка:

Испечете ги пиперките претходниот ден и оставете ги да се изладат и исцедат. Следниот ден излупете ги, со раце искинете ги на ленти пошироки или потесни по желба.

Во поголемо тенџере се ставаат пиперките и излупените и сечкани домати и се варат на силен оган додека смесата не стане густа како џем.

Потоа се додаваат оцетот, маслото, солта, шеќерот, сечканиот лук и магдоносот.

Мешајте половина час и готовиот ајвар истурете го во стерилизирани тегли, ставете ги капаците и покријте ги со ќебе за целосно да се изладат.

После тоа, ставете ги во оставата или подрумот.

На здравје!

Поврзани вести

Предлог за ручек кој е фантастично гурманско јадење

Radmila Tasevska

ГАБОН ТОРТА: Полна со чоколадо, лешници, а кората е мека како сон – ЧИСТО УЖИВАЊЕ

Urednik

Предлог за вкусни и здрави енергетски бомбици

Radmila Tasevska