СТАНДАРД life
Храна

Посни топчиња

Посни и многу вкусни топчиња:

Состојки:

* 400 гр брашно
* 250 гр посен маргарин
* 5 лажици кисела вода
* 1 лажичка сол
* 150 гр печени несолени кикирики, мелени
* 1 прашок за пециво

И уште:

* 100 гр пржен сусам

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и мелените кикирики.

Во сад за матење измешајте го омекнатиот маргарин со солта, додадете ја киселата вода, како и претходната смеса од брашно, прашокот за пециво и кикириките. Добро направете го тестото со раце.

Тестото поделете го на четири дела и од секој дел направете ролат со дијаметар од три сантиметри. Исечете парчиња дебели по еден сантиметар и формирајте топка од секоја.

Готовата топка извалкајте ја во пржениот сусам. Валканото топче тријте го меѓу дланките уште малку за да се залепи сусамот што подобро.

Готовите топчиња наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги околу 20 минути додека убаво да поруменат.

На здравје!

Домашни „Ferrero Rocher“ топчиња

Поврзани вести

Започна сезоната на храната која се нарекува лек за „сто болести“

Radmila Tasevska

Рол – виршли ролати со сенф и кашкавал

Urednik

ТОПЧИЊА СО СУСАМ: Идеални се за празници, мезе кое ги освојува сите

Urednik