Оризот е една од намирниците која може да се користат цело време бидејќи има долг рок на траење, а од две шолји ориз може да се направи ручек за целото семејство.
За ова рижото потребни ви се:
200 гр ориз
300 гр спанаќ
2 моркова
Еден компир
Две кисели црвени пиперки
4 чешниња лук
Еден праз
Зачини по желба
Подготовка:
На масло пропржете го празот. Спанаќот убаво исчистете го, сварете го кратко и исечкајте го. Додадете го во празот. Ставете ги лукот, зачините и измешајте.
Настрана сварете го оризот. Посолете, додадете ја смесата со зеленчук и измешајте. Врз рижотото ставете го исечканиот морков и пиперките, а претходно сварениот компир исечете го на парчиња и со него декорирајте ги порциите.