СТАНДАРД life
Храна

Рецепт: Ќофтиња со моцарела

Овие ќофтиња се одлична идеја за ручек. За нив не ви треба многу време, можете да ги испечете ден претходно, па набрзина да ги сварите во сос и следниот ден да ги испечете во рерна.

Состојки:

* 1 кг мешано мелено месо
* 230 гр рендана моцарела
* 45 гр рендан пармезан
* јајце
* 250 гр сос од домати
* 230 гр рендана моцарела за посипување
* свеж босилек или магдонос за сервирање

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Во поголем сад измешајте ги меленото месо, моцарелата, пармезанот и јајцето.

Премачкајте тава со масло или ставете хартија за печење.

Земете голема лажица од смесата, формирајте топчиња и ставете ја во садот за печење, па печете 15-20 минути.

Се вади од рерна, се прелива со сос од домати и се посипува со моцарела.

Печете уште 5-10 минути додека не се растопи кашкавалот.

Пред сервирање посипете со магдонос или босилек.

На здравје!

Поврзани вести

Најдобриот рецепт за турски мантии

Radmila Tasevska

Кнедли со сливи!

Urednik

Со што може да ги замените јајцата во исхраната

Radmila Tasevska