СТАНДАРД life
Здравје

Ослободете го стресот и опуштете го умот: 8 начини да заборавите на грижите

Повеќето луѓе денес се под некој вид на стрес. Според студијата на британската фондација за ментално здравје, 74 отсто од луѓето се чувствувале толку под стрес што всушност биле преоптоварени од тоа и не можеле да му одолеат. Најлошото чувство е немоќта – дека не можат ништо да направат за тоа, па од ден на ден продолжуваат како порано. Но, постојано загрижувачкиот ум може да има сериозно негативно влијание врз телото, а проблемите како несоница, висок крвен притисок, дијабетес, па дури и срцеви заболувања се поврзани со стресот.

Клучните причини за стрес се работата, децата и споредувањето со другите. Но, има и голем број други прашања – врски, грижи за пари, па дури и социјалните медиуми и технологијата. Значи, предизвикувачите се насекаде околу нас. Најважно е да се повлечете, колку што ви дозволува ситуацијата, да го опуштите умот и да научите да управувате со стресот во такви моменти.

Има многу предлози, па изберете еден за себе:

Утврдете ја причината за стресот

Не можете да се опуштите ако не разбирате кои работи ви предизвикуваат стрес. Игнорирањето на сигналите со надеж дека тие ќе исчезнат можеби не е ефикасна техника бидејќи се зголемува чувството дека сте обземени од стрес. Сепак, соочувањето со стресот ќе ви даде голема сила да ги надминете и некако да ја вратите контролата во вашиот живот. Ќе зајакнете.

Забавете го дишењето

Посебен и смирувачки тип на техника на дишење ќе ви помогне да го опуштите вашиот вознемирен ум, а потребни се само неколку минути. Вдишете длабоко низ носот, внимавајќи да вдишете преку стомакот (наполнете го прво). Издишете полека низ устата. Важно е да одржувате нежен ритам, а броењето до пет и назад додека дишете може да помогне. Забавувањето и лесното дишење испраќа сигнали до мозокот да се опушти.

Масажа

За да го опуштите умот, треба да го опуштите телото, а малку работи се порелаксирачки од добра масажа. Не само што ја ослободува мускулната напнатост и ја ублажува болката, туку го намалува нивото на стрес и промовира состојба на релаксација која останува со вас долго по завршувањето на сесијата. Можете исто така да се масирате, особено некои клучни места како вратот и рамената.

Бања

Уште еден одличен начин да го опуштите вашиот ум што бара од вас да не правите апсолутно ништо! Познато е дека убавата, топла бања помага при сè, од болки во мускулите до подигнување на расположението и намалување на стресот, како и за подобрување на општото здравје и уште подобар изглед на кожата. Додадете малку епсом сол (горчлива сол) со лаванда или неколку капки есенцијално масло од лаванда. Лековитото растение делува неверојатно на релаксација.

Прочитајте книга

Во свет заситен со технологија, мобилните телефони постојано ни го окупираат вниманието, а зјапањето во кој било екран ни ја одзема драгоцената енергија и доведува до забележително преоптоварување. Понекогаш нема подобро чувство од тоа да одвоите време за себе, да се исклучите од надворешниот свет, да отворите интересна книга. Нема да има досадни известувања, вибрации или повици, само вие и приказната во тој момент.

Отспијте половина час

Според една студија од 2018 година, дури 20 отсто од Американците имаат нарушување на спиењето. Во просек, луѓето спијат помалку од седум часа на ден, додека, на пример, во 1910 година просечниот човек спиел дури 9 часа. Брзата попладневна пауза од 20 до 30 минути може да направи чуда за расположението и будноста, и е одличен начин да се опуштите во свет каде што тоа е прилично тешко да се направи.

Вежбање

Понекогаш е толку лесно да се вклучите во активности кои го насочуваат целото внимание од стресни ситуации кон некоја едноставна, остварлива цел, како што е 5 километри трчање или кревање поголема тежина на машина. Докажано е дека вежбањето го зголемува и ослободувањето на ендорфин, хормони за добро расположение.

Пробајте ново хоби

Создадени сме така да некои работи ги правиме рутински, па затоа е добро повремено да се фрлате во нешто непознато за да ја обновите вашата страст за животот или активностите кои некогаш ви причинувале задоволство. Претставете му на умот нешто ново и возбудливо за да работите на него некое време – правење керамика, дување стакло или учење да се качувате по карпи.

Поврзани вести

Зошто ни е потребен селенот?

Urednik

Природните лаксативи го зајакнуваат имунитетот и поттикнуваат губење тежина

Urednik

5 видови овошје што треба да ги јадете на празен стомак

Urednik