Топлото чоколадо е совршен начин за загревање во студените денови, а пијалокот можете да си направите дома подеднакво вкусно, како она во најпрестижните ресторани.
Состојки (ЗА 4 ЛИЦА):
* 200 гр чоколадо за готвење
* 5 гр какао во прав
* 550 мл млеко
* 20 гр шеќер
* 5 гр пченкарно брашно
* прстофат сол
Подготовка:
Загрејте го млекото додека не биде врело, но не и да врие.
Додадете го чоколадото за готвење и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Кога ќе се соединат чоколадото и млекото, се додаваат сите останати состојки, се намалува огнот и се меша додека се убаво не се згусне.
Тогаш вашето чоколадо е подготвено за послужување.
На здравје!