СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за чоколаден тост леб

Овој деликатес е идеален за појадок, но и за вечера. Чоколадниот леб најмногу ќе ги воодушеви најмалите, а најдобро од се е што подготовката е исклучително едноставна и брза.

Состојки:

* 30 гр какао
* 60 мл топла вода
* 5 големи јајца
* 180 мл слатка павлака
* 240 мл млеко
* 50 гр шеќер
* 1 лажичка екстракт од ванила
* 1/4 лажичка сол
* 300 гр темно чоколадо

Подготовка:

Растопете го какаото во топла вода, измешајте и оставете го на страна.

Во плиток сад изматете ги јајцата, додајте павлака, млеко, шеќер, екстракт од ванила и сол. Промешајте, па истурете ја смесата со какаото и водата.

Растопете мало парче путер во тава на средна топлина. Во подготвената смеса потопете две кришки леб, а потоа ставете ги на загреана тава. Печете 2-3 минути, па свртете.

На едното парче ставете сечкана темна чоколада и почекајте 1-2 минути да се стопи, а потоа покријте ја со уште едно парче и направете сладок чоколаден сендвич.

На здравје!

Рецепт за француски тост

Поврзани вести

Супер брз ручек: Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака

Radmila Tasevska

Говедско во кремаст фета сос

Radmila Tasevska

Чоколадна торта со портокали

Urednik