Доколку не знаете како да ги искористите урмите што сте ги купиле за време на постот и за самиот Божиќ, еве еден одличен брз и здрав рецепт.
Состојки:
* 200 гр урми
* 150 гр ореви
* 30 гр какао
* прстофат сол
Подготовка:
Користете свежи урми, особено не зашеќерени. Ако сакате, прво напечете ги оревите. Отстранете ги камењата од урмите.
Оревите ставете ги во сецко и оставете неколку парчиња, подобро ќе ви биде кога ќе ги изедете топчињата. Додадете урми, какао и малку сол. Измешајте сè заедно.
Земете парче од смесата и формирајте топка. Ако е премногу лабава и се распаѓа, додадете една лажица вода во смесата, па обидете се повторно.
По желба можете да ги премачкате и со чоколадо, па оставете ги да се изладат.
На здравје!