24.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

113 брода поминаа низ Суецкиот канал по деблокадата

Вкупно 113 пловни објекти го преминале каналот до 6.00 часот утрово, во согласност со претходно објавените планови на каналот, според извештајот на египетската телевизија, цитирана од Ројтерс.

Колони на бродови синоќа повторно тргнаа низ каналот, откако беше поместен заглавениот товарен брод „Евер Гивен“ долг 400 метри од точката каде што се наоѓаше од 23 март.

Уште 140 бродови се очекува да поминат преку Суецкиот канал денес откако 113 брод поминаа во текот на ноќта, изјави претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал, Осама Рабија.

Тој рече дека 95 брода ќе поминат до 19 часот по локално време и уште 45 до полноќ, потврдувајќи ги неговите надежи дека заостанувањата предизвикани од блокадата ќе бидат надоместени за три до четири дена.

Доцнењето во навигацијата по Суецкиот канал, кое носи до 20 проценти од светската поморска трговија, нанесе штета вредна десетици милијарди долари на светската трговија.

Поврзани вести

Коронавирусот создаде перспективно работно место, а диплома не е потребна

msp-admin

Sony не може да ја покрие побарувачката на нејзините сензори за камера

msp-admin

Хрватска Загрепска банка под истрага за перење пари и финансирање на тероризам

msp-admin