Стандард
КОМПАНИИ

„Aдмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на општа болница во Гостивар

ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000 евра од страна на автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сé со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот COVID-19.

Од компанијата веруваат дека се потребни токму вакви таргетирани акции, сé со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.

Компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот COVID-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.

Поврзани вести

Ковачевски: Енергетската трансформација на РЕК „Битола“ не може да се направи преку ноќ

msp-admin

КОРОНАТА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: 7 бизниси на кои пандемијата им донесе невиден профит

Влатко Зорба

Tesla продаде повеќе автомобили во 2019 година отколку претходните две комбинирани

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!