СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Биткоинот бележи рекорден раст

Вредноста на најпопуларната криптовалута – биткоин – на најголемата размена на криптовалути Binance се зголеми за скоро 10% и достигна 18.000 долари.

Според CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6,14 часот по средноевропско време, биткоинот пораснал за 9,78 % на 18.223 американски долари, додека на најголемата берза на криптовалути, Binance пораснал за 9,95 %, до 18.328 американски долари.

Последен пат биткоинот достигна вредност од 18 000 долари на 19 декември 2017 година.

Уделот на биткоинот на глобалниот пазар на криптовалути е 66 %

Независниот експерт Мансур Гусејев вели за Спутник дека биткоинот во последно време е во центарот на вниманието на банкарите и менаџерите на хеџ фондови, кои го нарекуваат новото дигитално злато.

“Купувањата на институционалните инвеститори ја зголемува цената. Во 2020 година, биткоинот го потврди своето право на место на финансискиот пазар и угледот на вредно средство, а не шпекулативна пирамида”, рече Гусејев.

Поврзани вести

За купен луксузен апартман гратис Aston Martin од 200.000 долари

msp-admin

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Влатко Зорба

Трговскиот дефицит на САД се искачи на 71,1 милијарди долари

Влатко Зорба