СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Благодарение на поддршката од Германија, градовите ширум Балканот привлекуваат трипати повеќе инвестиции

Како да им се придружите на градовите кои тројно ги зголемија новите инвестиции? Зеница, Тузла, Бања Лука, Велес, Подгорица, Нови Сад и Лесковац, се само некои од градовите на кои им се доделени БФЦ сертификати (Business Friendly Certificate) за деловна отвореност. Овие градови поминаа низ сложен процес на сертифицирање, создадоа партнерства помеѓу приватниот и јавниот сектор и ја подобрија локалната деловна и инвестициска клима. Според податоците од студиите од претходните години, градовите со БФЦ сертификат, привлекуваат трипати повеќе инвестиции од несертифицираните градови и општини.

БФЦ мрежата е воспоставена со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), преку проектот Отворен регионален фонд – Модернизација на општинските услуги (ОРФ МОУ). Еден од одличните инструменти за развој на ГИЗ, кој обезбедува долгорочни инвестиции во општините со БФЦ сертификати и кој, во исто време, создава развојни партнерства помеѓу приватниот и јавниот сектор, е програмата develoPPP.de. Оваа програма е само еден од низата инструменти за соработка со фирмите вклучени во практичната работа на мрежата БФЦ и е составен дел од целокупната мрежа. На овој начин, се придонесува кон постојните приватни инвестиции, додека истовремено, преку програмата за развојна соработка, develoPPP.de, се пружа техничка и советодавна поддршка. Крајната цел на оваа иницијатива е подобрување и хармонизација на деловните услови во регионот, зајакнување на инвестициската репутација на регионот, на економската соработка и на одржливиот развој. Сега постои здрава конкуренција во регионот, што го охрабрува понатамошното инвестирање на домашните и странските приватни фирми. На овој начин, се поддржува отворањето на нови работни места и се зајакнува куповната моќ на граѓаните. Градовите и општините, во исто време, остваруваат поголем прилив на приход.

ГИЗ го поддржува ангажманот на приватните фирми од регионот преку програмите develoPPP.de. Финансиските средства ги обезбедува германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (БМЗ), со цел поголема вклученост на приватниот сектор во развојните иницијативи и деловните можности. Целта на програмата е да ги спои иновативните идеи на компаниите со комерцијалните интереси, со долгорочни придобивки за локалното население.

Така, на пример, во соработка со ГИЗ, фирмата ПАКОМАК од Северна Македонија, ЕКОПАК од Босна и Херцеговина и СЕКОПАК од Србија, неодамна започнаа заеднички проект, со цел, во овие држави, да се овозможат финансиски ефикасни вредносни ланци за рециклирање стакло. Заедно со партнерите од БФЦ мрежата од Југоисточна Европа, проектот ќе развие и тестира општински модели, за воспоставување на соодветни системи за собирање на отпадно стакло. Врз основа на резултатите, ќе се креираат упатства со најдобрите искуства и ќе се дистрибуираат на другите општини во регионот,. Партнерствата покажуваат многу позитивни резултати, и за фирмите, и за јавниот сектор, а во исто време се постигнуваат и заедничките развојни цели.

По тој повод, Филип Ивановски, директор на ПАКОМАК, вели:

„Соработката со ГИЗ ни отвори нови врати, нови начини на кои можеме позитивно да придонесеме за средината во која живееме – преку едукација, но и преку практични теренски иницијативи кои вродија со плод уште во моментот кога беа изведени. Нашите заеднички напори за создавање на ефективен ланец за рециклирање на стакло во Македонија беа одлично прифатени од луѓето во заедницата, кои благодарение на ваквите акции се сѐ посвесни за важноста и придобивките на рециклирањето. Искрено сметаме дека новите партнерства од овој тип ќе имаат позитивен ефект на целото општество, но и на нас лично, преку проширување на листата на доверливи соработници и споделување на искуствата кои ќе нѐ направат подобри. Се надеваме дека во иднина ќе соработуваме заедно на уште повеќе успешни проекти од општа корист на заедницата во која работиме и опстојуваме“.

Друг пример е германската компанија АЛБА, која во 1999 година, отвори компанија за рециклирање отпад во Зеница и стана пионер во регионот, во современите системи за рециклирање, при управувањето со отпадот. Компанијата отвори 144 нови работни места, а со поддршка на ГИЗ, неодамна беа поставени различни современи пунктови за собирање на опасен отпад во Зеница, со што се поддржуваат напорите на фирмата и на општината, за заштита на животната средина.

Понатаму, фирмата Hydro-Comp Enterprises Ltd. (HCE) од Кипар, заедно со ГИЗ, спроведува голем петгодишен ИТ проект, за обезбедување техничка поддршка и градење на капацитетите во управувањето со водоснабдувањето во сите шест економии на Западен Балкан. Овој заеднички проект придонесува за подобро управување со постоечкиот имот на јавните претпријатија за водоснабдување во регионот, вклучувајќи го и прашањето за загуба на водата. Јавните претпријатија за водоснабдување, на кои им се потребни капитални инвестиции за модернизација, со учество во програмата, подобро се подготвени и имаат полесен пристап до инвестициите.

Во летото 2019 година, ГИЗ го основаше Регионалниот услужен центар за соработка со приватниот сектор во Југоисточна Европа, со седиште во Сараево, кој ги промовира инструментите на ГИЗ за поддршка на регионот, со посебен фокус на програмата на develoPPP.de, достапна на домашните и на европските фирми. Доколку некоја компанија има потреба да спроведе иновативен проект, што носи долгорочни предности за одржлив развој на земјата (или регионот), а, во исто време, е подготвена да инвестира во тој проект, сега има можност, таквата идеја за проект, да ја испрати на идејниот конкурс на програмата develoPPP.de. Сите проектни идеи поминуваат низ процес на селекција, заснован на утврдени критериуми. Доколку проектот биде избран, ГИЗ може да обезбеди техничка поддршка и дополнителни средства (во просек до 50% од проектните трошоци). Проектите во рамките на програмата develoPPP.de, се движат од 100.000 до 2 милиони евра, со времетраење на проектот до 3 години. Ова е една од најголемите програми во регионот во последните неколку децении.

Сè уште не можат да се предвидат сите последици од пандемијата на КОВИД-19, но веќе е видливо дека приватниот сектор на Западен Балкан се соочува со огромни тешкотии. Драматичниот пад на извозот и побарувачката, особено во автомобилската индустрија, неизвесната иднина на туризмот, со седмици празните работни маси, претставуваат огромен предизвик за многу компании во регионот.

Регионалниот услужен центар, и натаму ќе продолжи со соработката во регионот, за да го охрабри учеството на приватниот сектор, во областите каде деловните можности и развојните цели се надополнуваат.

За повеќе информации контактирајте го krunoslav.rasic@giz.de од регионалниот услужен центар или посетете ја веб-страницата www.developpp.de.

Поврзани вести

Колку денови годишен одмор ви следуваат?

msp-admin

Apple ја надмина вредноста на 100-те највредни британски компании

msp-admin

„Виз Ер“ сака забрана на бизнис класата за кратки летови

msp-admin