СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Богатството на овие „Ковид милијардери“ драстично се намалува со појавата на вакцината

Во здравствената индустрија, пандемијата на коронавирус брзо збогати многумина, но со доаѓањето на вакцината, богатството на некои од милијардерите исчезнува со исто темпо.

Така Seegene Inc, производител на тестови за корона и Alteogen, компанија што прави технологија за поткожно вбризгување што се користи за вакцини, се само некои од компаниите чии сопственици се збогатија минатата година.

Неколку месеци подоцна и двајцата ги загубија своите титули бидејќи со забрзувањето на вакцинацијата акциите на нивните компании потонаа за околу 40%.

Слична е состојбата и со производителите на ракавици од Малезија, кои создадоа најмалку пет милијардери до август минатата година, кога побарувачката за ракавици беше на максимум.

И нивните акции паднаа за 40 проценти, со што изгубија 9 милијарди долари од вкупното богатство, пишува Блумберг.

И додека креаторите на вакцините го зачуваа своето богатство, многу други паднаа нагло. Ова покажува колку може да биде нестабилен пазарот.

– Се чини дека богатството создадено од ненадејната побарувачка нема да преживее и да продолжи да цвета – сметаат експертите.

Секоја од овие акции скокна најмалку 500 проценти во текот на изминатата година, додека на Seegene скокна за 919 проценти.

Но, стартот на вакцинацијата стави крај на нивното брзо збогатување.

Поврзани вести

Бонусот на шефот на Apple значително се намалува

msp-admin

Проширен Глобалниот извршен одбор на Здружението на Светскиот комуникациски форум

msp-admin

Грчките угостители очајни, бараат помош од владата

Влатко Зорба