Европската инвестициска банка (ЕИБ) го назначи Алесандро Брагонзи за нов шеф на регионалната канцеларија за Западен Балкан. Тој е вработен во ЕИБ 11 години и ја наследи Дубравка Негра, чиј мандат заврши во средината на јануари.
Брагонци рече дека за него е голема чест да преземе активности за регионот во време кога се соочува со уште една тешка година по ред.
„Западен Балкан е сериозно погоден од пандемијата, поради што е чувствителен на идните шокови. Приоритет на ЕИБ е зајакнување на економскиот и здравствениот систем, како и стремеж кон одржливо и зелено закрепнување“, рече тој.
Тој додаде дека ЕИБ ќе се обиде да ги зголеми инвестициите во одржлива енергија и енергетска ефикасност, одржлив транспорт, пристап до социјални и достапни услови за домување, пристап до чиста вода, како и да им помогне на компаниите во најранливите сектори.
Како најголем инвеститор во регионот, ЕИБ има инвестирано 8,6 милијарди евра од 2009 година за поддршка на модернизацијата на инфраструктурата и развојот на приватниот сектор.