СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Пивото најпродавано во Русија, водката не е меѓу првите 50

Пивото стана најпродаваниот алкохолен пијалок во 2020 година во најголемите руски трговски ланци, додека виното и вотката не беа ниту меѓу 50-те најпопуларни производи, пренесе ТАСС.

Најпопуларниот алкохол кај Русите во текот на 2020 година беше пивото, кое постојано беше меѓу топ 10 најпродавани производи. Во споредба со пивото, водката и виното практично не беа барани.

ТАСС наведува дека безалкохолните производи често биле меѓу најпопуларните.

Во февруари, цигарите беа најпродавани во „Красное и Белое“, а во периодот август-декември, тоа беа заштитните маски за еднократна употреба.

Во „Бристол“ пивото беше лидер во продажбата од јануари до јули, а од август до декември заштитните маски.

Просечната сметка во најголемите трговски ланци на алкохолни производи растеше во текот на минатата година, а во споредба со почетокот на годината, просечната сметка се зголеми скоро двапати.

Поврзани вести

Зошто НИКОГАШ не треба да работите БЕСПЛАТНО?

Влатко Зорба

Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Влатко Зорба