СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

5 начини да бидете добар и фер шеф: Понежниот пол е сè уште значително загрозен на работното место

Родовата еднаквост останува една од најжешките теми во бизнисот, во 21 век, во 2021 година. Вчера се одбележа Денот на жената, повеќе од 100 години откако овој празник за првпат беше воспоставен во САД, благодарение на германската политичарка и активистка за женски права Клара Цеткин.

Сè уште постои голема разлика во заработката на мажите и жените ширум светот.

Од гледна точка на деловна активност и кариера, жените сè уште „припаѓаат“ на пониско платени професии, односно на пониски плати за ист износ или вид на работа. Покрај тоа, тие честопати се потценуваат во работната средина. Сепак, постојат најмалку 5 ефективни начини да се надмине овој проблем.

– Глобалната пандемија ги истакна напорите, инвестирани во балансирање, заради управување со деловниот и семејниот живот, а тој најмногу им припаѓаше на жените – вели Кристал Кук, од „Здружението на меѓународни овластени професионални сметководители“.

Бидете флексибилни

Пандемијата нè принуди да го смениме начинот на работа и да управуваме со нашите животи. Студија на „McKinsey & Company“ открива дека 70% од жените рекле дека грижата за своите деца е најголема грижа, во споредба со 40% од мажите кои мислат така.

Работодавците треба да го разберат дополнителниот стрес што доаѓа од балансирање на работата и приватноста. Ова веројатно ќе бара размислување надвор од рамките, со цел да се постигнат фер и реални решенија, како што се флексибилно работно време или слободни денови.

Во ред е да се каже „не“

Создадете средина во која оние, кои се преплавени со обврски и грижи, да се чувствуваат безбедно, нема да бидат казнети или осудени, затоа што велат „не“ на дополнителни проекти или одговорности. Охрабрете ги жените да бараат помош кога им е потребна и создадете време за велнес или медитација во компанијата.

Понудете поддршка

Покажете грижа за вашите вработени и понудете им помош што им е потребна. Поставувајте важни прашања и навистина слушајте ги одговорите: Како си? Што можеме да сториме за да ви помогнеме? Потоа најдете начин да им помогнете на работниците на неконвенционален начин.

Нагласете ја важноста да се грижите за себе

Скоро една година, вашите вработени претежно живеат ист ден, одново и одново. Многумина „жонглираат“ со сите свои одговорности, кои сега влегоа во нивниот работен ден, додека границите помеѓу деловниот и семејниот живот стануваат сè помалку јасни.

Важно е да им помогнете на жените во вашата организација да најдат начини за успешно управување со нивното ментално здравје, стрес и нивоа на енергија и да донесете малку радост секој ден.

Бидете поинклузивни

Погледнете добро околу вас, кога состаноците и раководните позиции се важни. Дали има дискриминација врз основа на пол, раса, возраст, националност? Ако во овој контекст, мажите се подоминантни од жените, време е да се преиспита деловната политика на компанијата. Дајте им на жените еднаква шанса да ги покажат своите лидерски способности.

Поврзани вести

Треба ли да се отфрли „to do“ списокот?

Влатко Зорба

Велика Британија го укина данокот на средства за женска хигиена

Влатко Зорба

Маск објави песна, ја продава за 1,12 милиони долари

Влатко Зорба