СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Најмалку се „шверцуваат“ во Европа: Само 2% од патниците не плаќаат билети

Не е тајна дека многу луѓе се возат бесплатно на јавен превоз, иако треба да купат билет, т.е. – се „шверцуваат“.

Ситуацијата е поалармантна во градовите каде што животниот стандард е понизок, иако има разлики меѓу патниците од метрополите кои се со сличен „ранг“.

На пример, ако ги споредиме Виена, Берлин, Хамбург, Франкфурт и Париз, фактите покажуваат дека „шверцот“ е најмалку присутен во главниот град на Австрија, само 2%. Ова се податоци од минатата година, објавени од „Винер Линиен“.

Од друга страна, околу три проценти од патниците се „гагале“ во Берлин, а во Хамбург и Франкфурт пет проценти го прават тоа. Процентот оди на 10 во Париз.

Во исто време, разликите во цената на билетите не се големи, згора на тоа, тие се поголеми во Виена отколку во Париз.

Во Виена, единечен билет чини 2,40 евра, а дневниот (24 часа) чини 8 евра. Билет за јавен превоз (воз, автобус, метро) за осум дена е околу 40 евра, и секако е можно да се купат месечни билети кои се најисплатливи.

Единечен билет во Париз чини 1,90 евра. Карнет со 10 карти е 16,90 евра. „Винер Линиен“ пренесува дека во 2020 година, во времето на пандемијата, бил намален бројот на луѓе кои патувале без билет со јавен превоз во Виена.

Повеќе од 100 контролори проверувале патници секој ден, а казните не се мали за оние кои ги „фаќаат“. Доколку патник без билет одлучи веднаш да ја плати казната, треба да издвои 105 евра, а доколку не плати на самото место – ќе плати 115 евра подоцна.

– Системот на јавен превоз се потпира на фер однесувањето на граѓаните, а ние тоа го штитиме. Кого ќе најдеме без билет, ние го издаваме нашиот „најскап билет“ – изјави директорката на „Винер Линиен“, Александра Рајнагл.

Во текот на 2020 година биле контролирани околу 3,1 милиони патници, додека во 2019 година, таа бројка беше околу 4,9 милиони. Според извештајот на „Винер Линиен“, граѓаните на Виена се едни од најправедните патници во Европа.

Поврзани вести

„Тренер за мозок“ открива клучни совети за здравје и успех

Влатко Зорба

5 знаци дека треба да дадете отказ во 2021 година

Влатко Зорба

Кинез мора да и плати на својата поранешна сопруга надоместок за домашните работи

Влатко Зорба