11.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Директорот на „Луфтханза“: Можеби ќе поминат и 5 години додека воздушниот сообраќај не се врати во нормала

Воздушниот сообраќај нарушен од пандемијата на коронавирус нема да се врати во нормала толку брзо, изјави во понеделникот извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор, на дискусија на Интернет, организирана во Лондонската школа за економија.

Досега, рече тој, нема олеснување на мерките што го отежнуваа патувањето со авион уште од почетокот на пандемијата. Наспроти ова, рече тој, само сме сведоци на дополнителни ограничувања.

Ова значи дека мал број патници ќе продолжат да летаат во наредните недели.

Дури и подоцна оваа година, за време на екот на летната сезона, тој рече дека очекува капацитетот да се пополни само од 40 до 60 проценти од нормалното во претходните години, пред здравствената криза.

Македонија одвојува 1,1 милиони евра за нови линии

Може да бидат потребни до пет години за бројот на патници во Европа и САД целосно да се врати на нивоата во 2019 година, рече Спор.

Посочи дека тестирањето пред летот може да биде клучно, но истакна дека досега немало јасни упатства за тоа како треба да се спроведе тоа.

Смета дека, порано или подоцна, ќе стане стандард дека патниците или мора да бидат тестирани пред да се качат на авион или да покажат дека се вакцинирани.

Спор, исто така, смета дека компанијата ќе мора да се потпре на туризмот бидејќи е многу неизвесно дали деловните патувања некогаш ќе се вратат во нормала.

Ова може да значи, на пример, намалување на просторот во деловната класа на леталото.

Поврзани вести

Американски компании и Huawei ќе соработуваат на 5G мрежите

msp-admin

Идеолошките конфликти се спротивни на пазарните принципи на пазарот, вели претседателот на Кина

Влатко Зорба

„Црни донации“ го „истуркаа“ Бајден кон Белата куќа

Влатко Зорба