СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Еуромакс Рисорсес“ поднесе тужба до Управниот суд

Денеска „Еуромакс Ресоурцес“ поднесе тужба до Управниот суд против Решението донесено од Второстепената државната комисија (бр. 0810-102) од 5 септември 2019 година со кое се одбива жалбата на Еуромакс.

Варшан Гокул, Претседател и Извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“ вели: „Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Ресоурцес, и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики. При тоа, развојот на Проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе бројни локални инвестиции“.

Досега, Еуромакс има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на Проектот Иловица-Штука. Она што е пред нас, не е одлуката дали тука треба да има рудник, туку кој ќе управува со него. Со почитување на принципот на владеењето на правото постои можност да се продолжи со развој на Проектот и со тоа да се покаже на меѓународната заедница дека во државата владее пријателска клима за поттикнување странски инвестиции, велат од компанијата.

Поврзани вести

Италијанците ПРОФИТИРААТ поради германскиот АПЕТИТ

Влатко Зорба

Генералниот извршен директор на Стопанска банка доби уште еден мандат

msp-admin

Две сценарија за влијанието на коронавирусот на пазарот на компјутери

msp-admin