СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прентовиќ: Земјоделците ги препознаваат придобивките што ги нудат ЕУ и европските фондови

Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделие и рурален развој на СДСМ, на денешната прес конференција рече дека врвен приоритет на Владата е искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој и дека во процес се потпишување на дополнителни 800 договори за финансиска поддршка

„Земјоделците ги препознаваат придобивките што ги нудат ЕУ и европските фондови. Со мерките од ИПАРД 2 програмата им овозможивме на земјоделците да ја обноват застарената механизација, и за првиот јавeн повик се склчија 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра“, рече Прентовиќ, која додаде дека во последните две години е постигнат значаен напредок во искористеноста на мерките од ИПАРД 2 програмата.

„Го поттикнуваме рамномерниот рурален развој преку директно обезбедување на средства за земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини. СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со спроведување на мерки кои обезбедуваат подобар живот за сите, повеќе пари за секое семејство и развој на најважните гранки во општеството меѓу кои и земјоделството“, кажа Прентовиќ.

Поврзани вести

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска

Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза

Берта Китинска

Битиќи: Угостителите продолжуваат да добиваат финансиска поддршка како и сите

Влатко Зорба