СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Филип Морис Интернешнел добитник на наградата за најиновативна компанија за 2020 година

Филип Морис Интернешнл (PMI) ја освои наградата за иновации за 2020 година на Business Intelligence Group (BIG) во категоријата „Организација”. Наградата на компанијата ѝ беше доделена за иновациите кои ги пласира на пазарот во време кога ја продолжува целосната деловна трансформација за да обезбеди иднина без чад и да ги замени цигарите со подобри алтернативи за оние возрасни лица кои инаку би продолжиле да пушат. Лидер во иновацијата е IQOS, уред кој го загрева а не го гори тутунот, и на тој начин го елиминира чадот и ослободува околу 95% помалку штетни состојки притоа овозможувајќи го потребното и бараното искуство на возрасните пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушење. Притоа, IQOS е прв, но не и единствен производ од портфолиото на производи со намален ризик на PMI.

BIG наградите за иновации ги препознаваат организациите, производите и луѓето кои носат новини во животот на другите. Организации ширум светот ги доставија своите неодамнешни иновации на разгледување, а номинациите беа оценети од избрана група деловни лидери и директори.

„Големо задоволство е што продолжуваме да бидеме признати од пошироката деловна заедница за иновациите што го поттикнуваат нашиот напредок кон иднината без чад. Додека продолжуваме со најголемата трансформација во историјата на нашата компанија, со јасен поглед кон иднината без чад, ние постојано се откриваме себеси, нашето портфолио на производи и начинот на работа за да обезбедиме подобри алтернативи за милиони мажи и жени кои пушат,” изјави Јацек Олцак, главен оперативен директор во PMI.

„Иновациите станаа главна тема на компаниите во речиси сите индустрии, а победниците оваа година сведочат за креативноста, страста и упорноста на поединците ширум светот. Ние сме воодушевени што го наградивме Филип Морис, бидејќи тие водат со примери и постигнуваат вистински напредок нудејќи иновативни решенија за заедницата и потрошувачите,” изјави Марија Хименез, главен оперативен директор на Business Intelligence Group.

PMI досега инвестираше над 6 милијарди долари во научни, истражувачки и производствени капацитети за своите производи без чад, кои сега се достапни на 51 пазар. Веќе 8,8 милиони возрасни пушачи ширум светот се префрлија на најнапредните производи за загревање на тутун на PMI и се откажаа од цигарите.

Поврзани вести

Историски момент за технолошките компании: Корисниците ја губат довербата и го вртат грбот на „најголемите“

Влатко Зорба

Г7: САД се повторно на маса и ќе и помогнат на глобалната економија

Влатко Зорба

Шведска започнува со тестирање на дигиталната круна

Влатко Зорба