Стандард
КОМПАНИИ

Глобал Никотин Форум 2020: Што вели науката за алтернативните производи

„Кога ќе се погледне низ историјата, борбата против пушењето од медицинска гледна точка се сведува на никотински фластери, никотински гуми за џвакање, ставање фатални слики на пакувањата, зголемување на цените на цигарите и стигматизирање на пушачите. Но, дефинитивно ништо од тоа не вроди со плод. Сè до појавата на бездимните уреди кои буквално претставуваат дефиниција за намалување на шетното влијание на цигарите”. Ова го истакна доктор Марк Тиндал, канадски инфектолог од Универзитетот Британска Колумбија на седмиот Глобален форум за никотин кој на крајот на минатата недела, поради пандемијата со коронавирусот, се одржа но онлајн.

Иако форумот оваа година беше одржан онлајн, тоа не ги спречи научниците и експертите за јавно здравје од целиот свет да се соберат и да зборуваат за помалку штетни никотински производи какви што се електронските цигари и бездимните уреди кои го загреваат, но не го горат тутунот, а во интерес на оние 1,1 милијарда пушачи, но и на милиони луѓе кои од цигари преминаа на помалку штетни производи.

Според Тиндал, кој има 30 годишно искуство во истражување на прашања поврзани со пушењето, пушењето цигари претставува најголема здравствена криза на нашето време. Според него, дури и најлошите глобални предвидувања за бројот на смртни случаи од пандемијата со Ковид 19 се незначителни во споредба со пушењето. Според него, досегашната пракса на строга регулатива и забрана без понуда на алтернативни решенија не го даде посакуваниот плод.

,,Сметам дека водечките здравствени институции ширум светот досега мораа да покренат глобална кампања за исклучување на традиционалните цигари и нивна замена со бездимните електронски уреди, но тоа едноставно не се случува”, рече Тиндал. И додаде дека тоа веројатно е последица на стравот од тутунската индустрија. Затоа, според него, доколку експертите сакаат цигарите да станат минато во скорешна иднина, мораат да станат партнери на тутунските компании и да ги поддржат во нивните напори за елиминирање на чадот од цигарите.

Учесниците на форумот се согласија дека најголем број држави со политиките кои ја применуваат ја задржуваат ситуцијата статус кво, но дека возрасните пушачи за прв пат имаат можност да преземат одговорност за своите животи. Токму тие треба да влијаат да се промени и самата суштина на јавните здравствени политики бидејќи оние политики кои се спротивни на здравствените интереси на потрошувачите и јавноста се антитеза на самите себе и не може да ги дадат посакуваните резултати.

Еден од говорниците на Форумот беше и шкотскиот научник д-р Моира Гилхрист која воедно е и потпретседател за научни и јавни комуникации на компанијата Филип Морис Интернешнел која посочи дека компанијата е верна на визијата за што побрза замена на цигарите со подобра алтернатива.

„Наша цел е иднина без чад. Иднина во која сите возрасни пушачи, наместо да продолжат да пушат, ќе почнат да користат научно поткрепени производи, а кои се помалку штетни од пушењето. Нашата долгогодишна работа и труд, како и научните испитувања, денес веќе се покажува дека се исплатија. Производите без чад веќе се важен и растечки дел од портфолиото на ФМИ, а резултатот е мерлив – до крајот на март 10,6 милиони мажи и жени престанаа да пушат и почнаа да го користат IQOS, нашиот бездимен производ“, кажа Гилхрист која додаде дека планот на компанијата е до 2025 година најмалку 40 милиони луѓе да го користат IQOS.

Поврзани вести

Кина ги шокира младите гејмери ​​со нов закон

msp-admin

Легендарниот „Colt“ преминува во чешки раце

Влатко Зорба

Америка ги предупредува компаниите: Стопирајте ја работата на „Северен тек 2“ или ќе следат санкции

Влатко Зорба