СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Глобал Портс“ размислува да го продаде својот удел во „Port of Adria“

Турската компанија „Глобал Портс“ размислува да го продаде својот удел во „Port of Adria“ во Бар, поранешните „Контејнерски терминали“ на државното пристаниште Бар. Ова се наведува во писмото на „Глобал Портс“, објавено на веб-страницата на лондонската берза, откако го продадоа пристаништето Акдениз во Турција, пренесува „Вијести“.

По оваа продажба, компанијата беше обврзана да ги извести акционерите за своите понатамошни планови, меѓу кои е и компанијата од Бар, чијшто тие се мнозински сопственици.

„Како резултат на продажбата на пристаништето Акдениз, Одборот на „Глобал Портс“ холдингот ја разгледува можноста за „Port of Adria“, комерцијално пристаниште во Бар. Сè уште не е познато кога и дали ќе бидат договорени условите за продажба. Изјава за тоа ќе биде објавена кога ќе биде соодветно“, се наведува од оваа компанија.

Во писмото „Глобал Портс“ наведува дека го продала пристаништето во Турција за 140 милиони евра и дека сега повеќе се свртува кон управувањето со пристаништата за крстарење отколку кон товарните пристаништа.

„Управниот одбор и високиот менаџмент сега ќе ги насочат времето и ресурсите на рестартирање на операциите за крстарење при пристаништето во текот на 2021 година и континуирано ширење на глобалниот пазар на крстарење. И покрај сегашните ограничувања на патувањето и неизвесноста околу враќањето на значителните глобални крстарења, Одборот на „Глобал Портс“ холдингот верува дека континуираната побарувачка за крстарења, за што сведочат резервациите за патувања за 2021 година и пошироко, го поддржува предвидениот долгорочен раст на крстарењето, се вели во писмото..

Во 2013 година, „Глобал Портс“ купи 62 проценти од акциите на „Контејнерски терминали“ од Владата на Црна Гора за осум милиони евра, со обврска да инвестира 13,5 милиони евра во рок од три години, и дополнителни 7,6 милиони евра.

Новиот сопственик исто така се обврза да обезбеди 6,5 милиони за социјалната програма за работниците. Синдикатот на компанијата имаше неколку спорови со раководството за почитување на обврските и Колективниот договор.

Според финансискиот извештај за првите девет месеци од минатата година, пристаништето во Бар е во загуба од 1,4 милиони евра, додека на крајот на септември, вкупната акумулирана загуба од претходните години се зголеми на 29,8 милиони евра.

Во извештајот на ревизорот за 2019 година се наведува дека тие имале загуба од 1,65 милиони евра во таа деловна година, како и дека краткорочните обврски на компанијата се повисоки од средствата, што е знак на неизвесност за трајно работење.

Ревизорот исто така наведува дека во јануари 2020 година, сопственикот на мнозинството дал гарантно писмо „во кое ја изразува својата намера да обезбеди финансиска поддршка на компанијата потребна за непрекинато работење за период од 12 месеци“.

Во 2018 година „Глобал Портс“ гарантирале и долгорочен заем од 20 милиони евра, што компанијата од Бар ја зеде од Европската банка за обнова и развој.

Поврзани вести

Обновливите извори на енергија мора да ги потиснат фосилните горива

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ добива конкуренција: „Оракл“ во игра за купување на „ТикТок“

msp-admin

Балканот би можел да биде еден од победниците во пост-ковид ерата

msp-admin