СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Горан Сладиќ нов генерален директор на Пивара Скопје

Од први септември оваа година, функцијата генерален директор на Пивара Скопје ја извршува Горан Сладиќ. Тој на оваа позиција доаѓа по Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на Coca-Cola HBC за Чешка и Словачка.

Горан Сладиќ, новиот генерален директор на Пивара Скопје, е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во Пивара Скопје, тој беше на позицијата регионален директор за продажба на Coca-Cola HBC во Нигерија, што ја извршуваше од 2017 година. За време на неговиот ангажман во Нигерија компанијата постигна рекордни продажни резултати и беа воведени многубројни иновативни решенија кои ги унапредија продажните капацитети. Благодарение на неговата посветеност на развојот на човечките потенцијали, тој создаде силен тим во кој неколку компаниски таленти беа развиени и унапредени. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на Coca-Cola HBC во Југоисточна Европа.

“Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е новиот голем предизвик за мене, кој ми дава голема енергија и ме инспирира да започнам ново развојно поглавје. Можам да гарантирам дека ќе бидам посветен на поддршка и забрзување на силната агенда на континуитет на она што Пивара Скопје како компанија го има вложено досега и сѐ работело посветено за да се оствари. Агендата на континуитет ќе се темели на три главни столба. Првиот секако е силната традиција на Пивара Скопје, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите“, изјави новиот генерален директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, веднаш по стапување на функцијата.

Извонредните резултати што досега ги остварил Горан Сладиќ, извршувајќи различни раководни функции во системот на Coca-Cola HBC, дополнети со неговата стручност, посветеност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го дадат својот максимум, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство Пивара Скопје ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот и високото ниво на доверба и задоволство на потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти значајни за заедницата.

Пивара Скопје веќе 98 години е присутна на домашниот пазар на пиво и безалкохолни пијалаци. Компанијата е дел од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.

Поврзани вести

VW планира 6 фабрики за производство на батерии во Европа до 2030 година

Влатко Зорба

Huawei ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година

msp-admin

Huawei го прекинува производството на чипови поради санкциите на САД

msp-admin