СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

HG Mini EV ја престигна Tesla по продажби во јануари

Нискобуџетниот електричен автомобил Hong Guang Mini EV кој се продава во Кина по цена од 4.500 американски долари го надмина луксузниот автомобил на Tesla по продажби. Hong Guang Mini EV се произведува како дел од заедничко вложување меѓу водечката кинеска фабрика за автомобили SAIC Motor и американскиот автомобилски гигант General Motors, а нивното локално познато име на производ е Wuling.

Продажбата на моделот Mini EV во Кина минатиот месец беше приближно двојно поголема од продажбата на Tesla 3, пренесува BBC. Покрај најпопуларниот Mini EV за 4.500 долари, има и подобрен модел со клима уред, по цена нешто поголема од 5.000 долари. Автомобилите се продаваат како „народен лек за патување до работа“. Tesla 3 се продава за 39.000 долари во Кина, што е скоро девет пати поскапо од Mini EV.

Експертите за електрични автомобили наведуваат дека, иако е очигледно дека Mini EV заостанува зад Tesla во однос на батеријата, автономијата (200 км) и перформансите, практичноста и ниската цена го направија најпродаваното кинеско возило со „нова енергија“. Производството на основниот модел, кој има максимална брзина од 100 км / ч, беше лансиран минатата година, а автомобилот е регистриран за четири лица.

Владата во Пекинг е сериозно ангажирана во намалувањето на загадувањето и станува глобален лидер во усвојувањето и промовирањето на иновациите на електрични возила, според тамошните експерти, додавајќи дека автомобили како што е Hong Guan Mini EV, како и од повисока класа како што се произведени од NIO и Tesla се добредојдени.

Кина ја прошири својата мрежа на станици за полнење на батерии за електрични возила на повеќе од 500.000, а во 2015 година имаше околу 57.000. Бројот на продадени електрични возила во Кина во 2020 година надмина 1,3 милиони, што е годишен раст на продажбата од осум проценти.

За промовирање на електрични возила, кинеската влада нуди регистарски таблички бесплатно и тие се загарантирани. Во големите кинески градови има списоци на чекање за регистрација на нови автомобили со бензински мотори. Регистрацијата се чека со месеци, па дури и со години, бидејќи нивниот број на табличките се добиваат преку разни системи за аукција.

Поврзани вести

Германските компании предвидуваат ограничување на работењето до септември

Влатко Зорба

„SpaceX“ лансираше уште 60 сателити „Старлинк“ во вселената

msp-admin

Бафет: Коронавирусот е „страшна работа“, но сега е време да се купуваат акции

msp-admin