СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Хитроу“ ја заврши 2020 година со загуба од 2,8 милијарди долари

Лондонскиот аеродром „Хитроу“, еден од најпрометните во светот, ја заврши 2020 година со загуба од 2 милијарди фунти (2,83 милијарди долари), поради колапсот на воздушниот сообраќај поради мерките за ограничување на патувањата поради пандемијата Ковид-19.

Управата на аеродромот бара поголема поддршка од владата на Велика Британија со цел компанијата да преживее, пренесе „Quartz“.

Извршниот директор на „Хитроу“, Џон Холанд-Кеј, рече дека бројот на патници на аеродромот минатата година паднал на ниво што не е видено од 70-тите години на минатиот век, и дека состојбата не е подобрена на почетокот на оваа година.

На аеродромот „Хитроу“ во јануари оваа година се опслужени само 677.356 патници, во споредба со скоро 6,1 милиони во јануари 2020 година.

Во текот на целата мината година, биле опслужени само 22,1 милиони патници, а повеќе од половина од нив патувале во првите два месеци од 2020 година, пред да се воведе затворање на границите низ цела Европа за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19.

Вкупните приходи на аеродромот „Хитроу“ минатата година паднаа за 62 проценти, и покрај фактот што „бруто оперативните трошоци беа намалени за скоро 400 милиони фунти и капиталните расходи за 700 милиони фунти, а беше собрано финансирање од 2,5 милијарди фунти, што вклучуваше и финансиска инјекција од 600 милиони фунти“, се вели во соопштението на компанијата.

Поврзани вести

Вработените во Google ќе работат од дома до септември догодина

msp-admin

60 милијарди долари од американските стимулации ќе заминат за Кина

Влатко Зорба

Трговската размена меѓу Русија и ЕУ намалена за петтина во 2020 година

Влатко Зорба