СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Извозот на вино лани ни донесе 51,8 милиони долари

Македонија минатата година од извоз на вино заработи 51.831.000 долари или 13,9% од вкупниот извоз на глобално ниво, што лани достигна 36,1 милијарда долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на вино во светот лани беше Франција со извезени 11 милијарди долари или 30,4% од вкупниот извоз. Меѓу 10-те најголеми извозници на вино лани беа и: Италија (7,3 милијарди долари), Шпанија (3,1 милијарда долари), Австралија (2,1 милијарда долари), Чиле (1,9 милијарди долари), САД (1,4 милијарди долари), Нов Зеланд (1,2 милијарди долари), Германија (1,2 милијарди долари), Португалија (919,7 милиони долари) и Велика Британија (836,6 милиони долари).

Од земјите во регионот, само Грција е во подобра позиција од нас. Со извоз од 89 милиони долари, оваа земја е пред нас само три места, односно е 26-та на глобално ниво.

Бугарија е 31-ва со извезено вино во вредност од 39,5 милиони долари, 10 места подолу е Србија со 20,8 милиони долари, Хрватска и Словенија извезле вино од 18 односно 17 милиони долари, додека Црна Гора е 48-ма со извоз од 14 милиони долари.

Поврзани вести

Унгарија: Младите под 25 години нема да плаќаат данок на доход

Влатко Зорба

Германија одобри 500 милиони евра за обуки на работните места

msp-admin

Huawei и Xiaomi ја блокираа Alibaba

Влатко Зорба