СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како паметниот туризам влијае на закрепнување од пандемијата?

Шпанскиот град Малага и шведскиот Гетеборг се прогласени за Европски престолнини на паметен туризам за 2020 година. Шестиот најголем шпански град со популација од 1,1 милион луѓе, оваа награда ја смета за доказ дека стратешкиот план е препознаен како добар за туристите и за граѓаните, а се верува дека истовремено тоа пружа солидна основа за повторно започнување на патувањата по пандемијата на Ковид-19.

Решенијата од Малага опфаќаат електрична мобилност, производство на енергија од обновливи извори и развој на апликација за туристи. Еден од примерите е сообраќајниот систем – посетителите можат да дознаат каде е најблиската автобуска станица и точен возен ред, користејќи ја технологијата на проширена реалност на својот паметен телефон.

Сега среде глобална пандемија, сите овие алатки се покажуваат уште повредни.

Малага организираше и хакатон за да собере идеи од претприемачи и технолошки компании во градот. Победник на натпреварот беше паметен туристички водич кој комбинираше различни аудио водичи во градот, така што луѓето повеќе не мора да ги изнајмуваат индивидуално, а беше развиена и специјална апликација за плажите каде што не беше можно да се држи растојание поради пандемијата, па затоа многу од нив беа затворени.

Во август, тие направија чекор напред и потпишаа договор со Светската туристичка организација да станат еден од пилот-градовите за дигитални пасоши насочени кон обезбедување информации што ќе овозможат полесно наоѓање контакти, а можеби дури и укинување на задолжителните карантини со кои се соочуваат многу патници.

Поврзани вести

БМВ повлекува 430 илјади автомобили поради опасност од пожар

Влатко Зорба

Следната година целата планета ќе биде покриена со Starlink Интернет

Влатко Зорба

Роберт Дауни Џуниор стартираше ризични фондови за инвестирање во одржлива технологија

Влатко Зорба