СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како се движат минималните плати во земјите на ЕУ?

Месечните минимални плати во земјите од ЕУ се движат од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург, покажуваат најновите податоци на „Евростат“ за јануари 2021 година.

Просечниот минимум во Источна Европа е околу 700 евра, додека на северозападот од Унијата е над 1.500, според податоците на 21 земја-членка на ЕУ кои имаат одредена минимална плата.

Минималната плата во десет земји на ЕУ минатиот месец беше под 700 евра: Бугарија (332), Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584) , Полска (614), Словачка (623) и Литванија 642 евра.

Во пет земји, главно на југот на Унијата, минималните плати се движат од 700 до 1.100 евра: Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108), додека највисокиот „минималец“ го заработуваат граѓани во западните и северните земји на ЕУ: Франција (1.555), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург 2.202 евра.

За споредба, минималната плата на ниво на САД во јануари 2021 година беше 1.024 евра.

Поврзани вести

Сагата со „Gamestop“ продолжува: Акциите повторно се зголемија – за над 100 проценти

Влатко Зорба

Драстично намалување на платите во Мерцедес

msp-admin

На Американците им претстои уште една бурна година: Многу отпуштања, потрошувачката опаѓа…

Влатко Зорба