СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинескиот крал на флашираната вода стана побогат од Ворен Бафет

Кинескиот бизнисмен и основач на компанијата за производство на вода „Nongfu Spring“, Јонг Шаншан го симна славниот инвеститор Ворен Бафет од шестото место на најбогатите луѓе во светот.

Неговото богатство порасна за 13,5 милијарди долари од почетокот на годинава, на 91,7 милијарди долари, според Индексот на милијардери на Блумберг.

Својот успех го должи на две неповрзани области. Во април, тој го презеде производителот на вакцини „Beijing Wantai Biological“ и е сопственик на изворот „Nongfu Spring“, производител на флаширана вода.

Ова е само втор пат еден кинески државјанин да влезе во Топ 10 најбогати луѓе во светот. Пред него тоа му успеа на градежниот магнат Ванг Јанлин, кој се искачи на 8-то место во 2015 година.

Тој е познат и по прекарот „Осамен волк“ затоа што не се занимава со политика и неговите деловни интереси не се испреплетени со други богати семејства како што се имотни тајкуни.

Минатата недела Јонг Шаншан го симна Индиецот Мукеш Амбани од позицијата најбогата личност во Азија и тој е близу до влегување во реткото кралство на поединци, вредни повеќе од 100 милијарди долари. Бафет е надвор од таа група со богатство од 86,2 милијарди долари, но основачот на „Berkshire Hathaway“ донираше акции во вредност од над 37 милијарди долари од 2006 година.

Шаншан, исто така, им помогна на неговите роднини да станат милијардери. Неговата помлада сестра и тројцата браќа на неговата сопруга поседуваат по 1,4% удел во „Nongfu“ во вредност од 1,3 милијарди долари. Компанијата произведе десетици милионери, вклучувајќи и неколку роднини и вработени на Јонг.

Поврзани вести

Македонија на трето место во регионов по стапка на проблематични кредити

msp-admin

Сте слушнале ли за правилото пет минути?

msp-admin

Најголемата европска банка одлучи: Работа од дома за 1.200 вработени засекогаш

Влатко Зорба