СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои беа најтргуваните акции оваа недела?

Акциите на Комерцијална банка, Прилепска пиварница Прилеп, Алкалоид, Макпетрол и Стопанска банка Битола се петте најтргувани акции во период од 13-ти до 17-ти јули оваа година, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Прометот во текот на оваа трговска недела достигна вредност од 1.060.059 евра, што е за 19,77% повеќе во однос на претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции, 222, има раст од 5,21%, додека пазарната капитализација што се позиционираше на 3.225.331.035 евра има пад од 0,8%. Пазарната капитализација на последниот ден на тргувањето имаше вредност од 1.761.808.541 евра. На месечно ниво, има зголемување на пазарната капитализација за 3,50%.

Индексот МБИ10 на 17-ти овој месец достигна 4.206,68 поени или 1,24% повеќе во споредба со претходната недела.

Поврзани вести

Трговците се „гушат“ во непродадена облека, кој би можел да профитира од тоа?

Влатко Зорба

Светската популација се намалува, милијардерите стануваат се побројни

msp-admin

Дигитален долар: Дали Америка ќе добие нова валута?

Влатко Зорба