СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колективна тужба против Amazon: Ги „надувал“ цените на е-книгите?

Читатели во неколку американски држави поднесоа колективна постапка против малопродажниот интернет гигант Amazon.

Како што тврдат, Amazon, во договор со група издавачи, ги „надувал“ цените на електронските книги.

Во тужбата се тврди дека Amazon и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.

Околу 90 проценти од електронските книги се продаваат преку Amazon, најголемиот американски продавач, се посочува во тужбата поднесена од адвокатската фирма Хагенс Берман, пренесе „Индекс“.

Слична тужба беше поднесена од адвокатската фирма во 2011 година против Apple и „големата петорка“, исто така, поради сомнежот дека тие преговарале за цените на електронските книги.

Amazon за Ројтерс не сакаше да ги коментира информациите за тужбата.

Во средата, државата Конектикат објави дека покрена истрага против Amazon под сомнение за нарушување на еднаквата пазарна конкуренција во бизнисот со продажба на дигитални книги.

Поврзани вести

Што прават најбогатите луѓе во светот за време на епидемија?

msp-admin

Конкуренцијата меѓу производителите на батерии за електрични возила може да го промени пазарот

Влатко Зорба

Претставени проектите на кумановски ученици поддржани од ФИТР

msp-admin