СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Легендарниот „Colt“ преминува во чешки раце

„Česká zbrojovka“, компанија за производство на оружје, го купи познатиот американски производител на оружје, компанијата „Colt“, која ги популаризираше револверите.

Чешката компанија го купи легендарниот американски производител за 220 милиони долари и 1,1 милиони долари во акции на новата чешка компанија.

Овој деловен договор ќе и помогне на чешката компанија да го прошири својот бизнис, како и производствениот капацитет во САД и Канада.

– Аквизицијата на „Colt“ совршено се вклопува во нашата стратегија да станеме глобален лидер во производството на оружје и клучен партнер на вооружените сили – велат во чешката компанија за „Њујорк Пост“.

Преземањето на компанијата ќе се случи во вториот квартал од оваа година.

Само пред пет години американскиот „Colt“ успеа да излезе од банкрот. Компанијата е создадена во 1836 година, кога пронаоѓачот Семјуел Колт направи два патенти за пиштоли и го започна своето производство.

Компанијата стана позната откако ги пушти своите први револвери и откако започна да ги снабдува американските и канадските армии.

Поврзани вести

Вкупно 309.337 граѓани користеле домашна платежна картичка, реализиран промет од 26,5 милиони евра

msp-admin

Колку трансакциски сметки се блокирани минатата година?

msp-admin

Повеќе од ПОЛОВИНА МИЛИОН луѓе без работа во Австрија

Влатко Зорба