СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот

Тен Барелс Сира 2017 Резерва (Ten Barrels Syrah 2017 Reserva) од Винарија Камник доби златен медал и е прогласено за едно од најдобрите 10 Сира вина во светот, на Сира ду Монде 2020 (Syrah du Monde 2020), Меѓународен натпревар за најдобрите Сира вина. Сира 2017 од Винарија Камник го зазема престижното второ место претставувајќи ја нашата држава, пред пласираните производители од Австралија, Франција, САД, Португалија, Канада, Јужна Африка.

Четиринаесеттиот квалитативен натпревар на најдобрите светски вина Сира/ Шираз се одржа на 27-29 октомври во Шато д’Ампуис во северната долина на реката Рона, Франција. Во контекст на натпреварот се дегустирани 307 примероци Сира вино од 27 земји, во согласност со меѓународните правила и се доделени само 14 златни медали на светско ниво.

Сира 2017 од Винарија Камник е вино добиено од сопствените насади, и се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и голем потенцијал за созревање, додека букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје. Комплексноста на ова вино се должи на 17-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивање дискретни зачински тонови, елегантен и полн вкус, со одлична структура, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.

Тен Барелс Сира 2017 Резерва од Винарија Камник е вино наградено со уште два златни медали, на Балканскиот меѓународен вински натпревар (The Balkans International Wine Competition) од 2019 и на Мундус Вини од 2020 година (Mundus Vini Spring Edition).

Сортата Сира е родена многу одамна на ридовите на северната долина Рона. Оттогаш успешно се шири и во другите француски региони и низ целиот свет. Како такви, вината Сира/ Шираз покажуваат богат спектар на сензорни карактеристики кои ги рефлектираат нивните различни тероари, клима и винарски практики.

Поврзани вести

Директорите заработуваат 320 пати пoвеќе од просечниот работник

msp-admin

Доделена е првата транша од евтини кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

msp-admin

„Aдмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на општа болница во Гостивар

msp-admin