СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Mercedes-Benz ќе го дигитализира своето производство во соработка со Siemens

Давателот на решенија за индустриска автоматизација Siemens ќе го дигитализира капацитетот на Mercedes-Benz, соопшти компанијата. Целта е да се создаде флексибилно, ефикасно и одржливо производство на автомобили.

Фабриката во Берлин, „Мариенфелде“, која е најстара во глобалната производствена мрежа на компанијата, треба да се трансформира во компетентен дигитален центар, со фокус на развојот и имплементацијата на MO360, дигиталниот екосистем на Mercedes-Benz. Тој вклучува софтверски апликации поврзани преку споделени и стандардизирани кориснички интерфејси. Апликациите користат податоци во реално време и ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста на производството на автомобили. Ќе ги оддели технолошкото и дигиталното јадро на целата производствена мрежа на компанијата – Mercedes-Benz Digital Factory Campus Berlin. Идејата е новите производи, тестирани во Берлин, да бидат имплементирани во погоните на Mercedes-Benz ширум светот.

Во меѓувреме, Mercedes-Benz се подготвува да го објави својот претстоен електричен седан, кој ќе се нуди под брендот AMG и ќе им конкурира на електричните автомобили со високи перформанси на Porsche и Tesla Inc, пренесе Блумберг. Спортската верзија на EQS ќе се најде во продажба во втората половина на оваа година, изјави за новинарите Филип Шимер, извршен директор на Mercedes-AMG. Ќе биде дел од поширокиот асортиман на хибридни и електрични автомобили произведени од AMG.

„Ние сакаме да стигнеме до нови групи клиенти и да привлечеме помлади купувачи, на пример, како и повеќе дами“, рече Шимер.

Проширувањето на Mercedes-AMG е дел од стратегијата што ја истакна Daimler AG во 2020 година, чија цел е привлекување на богати клиенти, како љубителите на Porsche, и да продава повеќе автомобили со поголема маргина. Daimler сака да ја подигне пазарната вредност на Mercedes со тоа што ќе го приближи до познатите луксузни стоки и технолошки компании по планираното раздвојување на одделот за камиони на Daimler подоцна оваа година.

Поврзани вести

„Форбс“: Кои се 10-те највредни брендови во светот?

msp-admin

Американските милијардери се за 20 отсто побогати по првите 3 месеци од пандемијата

msp-admin

Колку вреди денеска Zoom?

msp-admin