Регулаторите на Европската унија се соочуваат со сé поголеми барања за регулаторна обнова во регионот, преминувајќи на политики што овозможуваат ефективно исплатливо користење на 5G, го поттикнуваат развојот на дигиталната економија и ја намалуваат нееднаквоста во пристапот до технологијата.
Во одделни соопштенија, Telefonica и индустриското здружение GSMA им се придружија на минатонеделните коментари на ETNO и шефот на „Ериксон“, Борје Екхолм, укажувајќи на прашања што го попречуваат европскиот напредок во сферата на 5G и ги потенцираат ризиците за дигиталната економија од застарените прописи.
GSMA објави документ под наслов Суверенитет, Еластичност и Доверба, кој утврдува низа мерки потребни да и се помогне на мобилната индустрија да ги поддржи дигиталните цели и да се помогне во економското закрепнување на Европа по пандемијата со Ковид-19.
Во него, здружението забележува дека на континентот му е потребно „пазарно опкружување што поттикнува инвестиции во критичната инфраструктура“, истакнувајќи ги тековните политики, што се покажаа како камен на сопнување за инвестициите.
Меѓу препораките беа усвојувањето на политики што не ги поткопуваат инвестициите во инфраструктурата, ги подобруваат процесите за преиспитување на спојувањето за да се земе во предвид „променливиот конкурентски пејзаж“, фер политиките за одредување на цените и доделувањето на спектар и поттикнување на договорите за делење на мрежата.
GSMA повика и на меѓународен координиран пристап за поттикнување на отворениот RAN еко-систем и олеснување на логистичките компликации за пристап до локациите за инфраструктура.
За да се поттикне преминот на 5G архитектура, GSMA се залагаше за мерки кои помагаат во создавање и употреба на интероперабилна мобилна инфраструктура во облак.
Фрустрација
Неколку часа пред објавувањето на листата на барања на GSMA, Извршниот директор на Telefonica, Хозе Марија Алварез-Палет ја нагласи сличната загриженост на ЕУ регулаторите на панел сесијата на Центарот за регулација во Европа.
Алварез-Палет истакна дека регионот треба да ги „преиспита своите традиционални прописи за да се носи со 5G револуцијата“.
„Прописите на телекомуникациските оператори и натаму претставуваат голема фрустрација на Европските мрежни оператори“.
„Доколку регулативата продолжи да се фокусира на ценовниот притисок, индустријата нема да може да се занимава со инвестициите за воведување на растителни влакна и 5G или новите услуги за податоци, а европските граѓани ќе заостанат во дигиталната транзиција“.