СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 187.000 граѓани потрошиле 10.7 милиони евра со домашните платежни картички

Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра преку над 660.000 реализирани трансакции, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Заклучно 8 јули имаме 187.768 активни домашни платежни картички. За 3 недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка, вели таа.

Со тоа:

* се поддржуваат македонските производи и услуги
* се поддржуваат граѓаните
* се поттикнува економската активност

Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија. Најмногу со картичките се пазари во супермакетите, или согласно податоците кои ги добивме од дел од банките преку 90% од транскациите се таму. Во меѓувреме, во тек е втората фаза на разгледување на приговорите. Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат, посочува министерката.

Поврзани вести

5G мрежа од денеска е достапна во 34 хрватски градови

Влатко Зорба

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани

Најбогатите во светот изгубија 139 милијарди долари за само еден ден

msp-admin