Ако сте љубител на спортски автомобили и со нетрпение го очекувате првиот електричен модел на Ферари, имаме лоши вести за вас. Компанијата има намера да лансира таков модел по 2025 година, а според компанијата, ова одложување се должи на фактот дека технологијата на батериите има потреба од понатамошен развој.
Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери, на прес-конференција рече дека Ферари размислува да создаде „Grand Tourer“ (GT) автомобил, но ќе се обложи на хибриди во блиска иднина. Според него, сè уште има проблеми во однос на издржливоста на батеријата и брзината на полнење.
Претходно оваа година, Ферари го претстави својот прв хибриден автомобил, SF 90 Stradale, а компанијата има за цел да достигне 60% од вкупната продажба до 2022 година. Камилери рече дека се разгледува развивање на модели со алтернативни технологии како што се водород и биогорива.