Стандард
КОМПАНИИ

Нема точна бројка колку домаќинства се греат на струја

Тешко е да се процени колку домаќинства се греат на електрична енергија, бидејќи никој нема обврска да најави со што ќе се грее. Пресметките покажуваат дека за греење на електрична енергија просечно македонско домаќинство треба да одвои и до 30.000 денари во нормално студена година, а доколку температурите се пониски сумата значително се зголемува, пишува МИА во својата анализа.

Ако се има предвид дека цената на електричната енергија за еднотарифните мерила изнесува 4,44 денари за потрошен киловат-час и ако се знае дека за загревање на една просторија од дваесетина квадратни метри просечно се трошат по околу два киловат-часови електрична енергија, лесно може да се дојде до податокот дека дневно за греење ќе се потрошат по околу 25 киловат-часови или околу 111 денари. Кога на нив ќе се додадат и 18 отсто за ДДВ, се добива дека дневно ќе се трошат по 130 денари за загревање или 3.900 денари месечно, односно околу 24.000 годишно.

Цената би била речиси двојно помала доколку се грее со инвертер (клима-уред што работи на пониски температури и троши помалку електрична енергија од вообичаените клими), но ваквиот вид греење експертите не го препорачуваат како главно, туку само како помошно, бидејќи при екстремно ниски температури под – 15 Целзиусови степени инвертерот најчесто не може да работи или не може доволно да загрее.

Доколку домаќинството има двотарифно броило, цената на електричната енергија се движи од 5,54 денари за скапата до 2,78 денари за евтината тарифа. Ако, пак, се знае дека евтина тарифа има во периодот од 22 до 7 часот, кога најчесто не се грее, и секој ден од 14 до 16 часот, а во недела цел ден, лесно може да се оцени дека за затоплување со двотарифно броило треба да се одвојат повеќе средства. Доколку, пак, се загрева целиот станбен простор, сметката за струја месечно може да изнесува и до 10.000 денари.

Поврзани вести

Мнучин: Администрацијата на Трамп ќе ја провери понудата на „Оракл“ за „ТикТок“

msp-admin

Uber го презема Дризли за 1,1 милијарда долари

Влатко Зорба

Средба Градежна комора – РЕК: Објектите да се загреваат со енергетски ефикасни уреди

msp-admin