Nestle повлекува скоро 350.000 килограми замрзнати сендвичи.
Причината е што постои можност тие да содржат парчиња стакло и пластика, објави Службата за безбедност на храна на американското Министерство за земјоделство (USDA).
Замрзнати полнети сендвичи беа доставени до малопродажните места низ САД, но проблемот настана кога Nestle доби поплаки од четворица клиенти дека во нив е откриен чуден материјал.
Во една од овие поплаки, компанијата исто така пријави мала повреда на усната шуплина, што е поврзано со консумација на сендвичи, објави американската служба за безбедност на храна.
Повлекувањето се однесува на пакети кои содржат 12 сендвичи од брендот Nestle Hot Pockets.
„Потрошувачите кои го купиле овој производ се повикуваат да не го консумираат. Овој производ треба да се исфрли или да се врати на местото на купување“, предупреди USDA.